Тајван, кој има демократско владеење, се најде под голем воен и политички притисок од Пекинг да го прифати неговиот суверенитет, но Тајпеј вети дека ќе ја брани својата слобода и тврди дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина.
Говорејќи во Големата сала на народот во Пекинг, Си рече дека Кинезите имаат „величествена традиција“ на спротивставување на сепаратизмот.
„Независниот сепаратизам на Тајван е најголемата пречка да се постигне обединување на татковината и е најсериозната скриена опасност за националното подмладување“, рече тој на годишнината од револуцијата со која беше соборена последната царска династија во 1911 година.
Мирното „обединување“ е најдобро за севкупните интереси на тајванскиот народ, но Кина ќе го заштити својот суверенитет и единство, додаде тој.
„Никој не смее да ја потцени цврстата решеност на кинескиот народ, силната волја и силната способност да го бранат националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, рече Си. „Историската задача за целосно обединување на татковината мора да се исполни и дефинитивно ќе се исполни“.
Звучеше малку поблаг отколку во јули за време на големиот говор во кој го спомена Тајван и во кој вети дека ќе ги „здроби“ сите обиди за официјална независност. Во 2019 година, тој директно се закани дека ќе употреби сила за да го доведе островот под контрола на Пекинг.






