понеделник, 4 мај 2026

Си: Кина секогаш ќе го поддржува светскиот мир

Објавено на

часот

Сподели

По повод 50-годишнината од враќањето на Кина во Обединетите нации, Си кажа дека таа секогаш ќе биде „градител на светскиот мир“ и „заштитник на меѓународниот поредок“, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.

Обединетите нации во 1971 година гласаа за признавање на Народна Република Кина како членка, исфрлајќи го Тајван од таа организација.

„Кина решително се противи на сите облици на хегемонија и политичка моќ, унилатерализам и протекционизам“, кажа Си, повикувајќи на поголема глобална соработка околу прашањата како регионалните конфликти, тероризмот, климатските промени, сајбер безбедноста и биобезбедноста.

Тој ги повика земјите да ги промовираат вредностите на мирот, развојот, правдата, демократијата, слободата, користејќи ја фразата „заеднички вредности на целото човештво“, која првпат ја употреби во јулскиот говор по повод 100-годишнината од формирањето на Комунистичката партија на Кина.

Американската агенција Асошиејтед прес наведува дека овие изјави на Кина доаѓаат откако Тајван месецов соопшти дека воените тензии со Кина се највисоки во последните 40 години, среде загриженост дека официјален Пекинг би можел со воена сила да го преземе островот кој го смета за свој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ