Во видео-говорот од Пекинг, Си рече дека во текот на изминатите сто години, од своето основање, Комунистичката партија на Кина го обединила и го предводела кинескиот народ во неговите непрекинати борби, што, како што истакна, фундаментално ја променило иднината и судбината на кинескиот народ, а исто така длабоко влијаело на текот на светската историја.
Комунистичката партија на Кина ќе се држи до патот на мирен развој, ќе инсистира на политиката на отворање кон светот, унапредување на изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото и промовирање на заеднички вредности на мир, развој, праведност, правда, демократија и слобода за целото човештво, рече Си.
Тој истакна дека Комунистичката партија на Кина секогаш ќе биде градител на светскиот мир, ќе придонесува за глобален развој и ќе го брани меѓународниот поредок и ќе настојува да даде нов и поголем придонес во напредокот на човечката цивилизација и светскиот мир и развој.






