Владата, која го поддржува референдумот „Брак за сите“ соопшти дека со оваа одлука истополовите партнери би се поставиле во рамноправна позиција со хетеросексуалните двојки дозволувајќи им заедно да посвојуваат деца и да ги спонзорираат сопружниците со државјанство.
Анкетите сугерираат дека референдумот ќе помине со околу 60 отсто поддршка.
Швајцарија има 8,5 милиони жители и традиционално е конзервативна и дури во 1990 година жените добија право на глас во целата земја.
За разлика од многу други европски земји, каде избраните пратеници ги легализираа истополовите бракови, во Швајцарија гласачите одлучуваат за тоа бидејќи противниците на оваа идеја собраа доволно гласови за јавен референдум за тоа прашање.
Референдумскиот процес во Швајцарија им дава на гласачите директен глас во креирањето на политиките, а повеќето гласаат преку пошта.
„Ова е борба која трае 20 години. Мислам дека тоа би бил чекор кон модерноста“, кажа Матијас Ерхарт, член на Градскиот совет.
Противниците велат дека браковите треба легално да се признаат само кога се меѓу маж и жена, тврдејќи дека проширувањето на институцијата на истополови партнери отсуството на татковците би го внело во законот.
„Ако законот биде усвоен, ние во швајцарското граѓанско право ќе внесе нова институција, институција без татко. Две жени или двајца мажи кои сакаат да затруднат, дури и ако многу се сакаат, тоа не е како се прават децата“, кажа Ивес Нидегер, пратеник од десничарската Швајцарска народна партија.






