Секој што ќе се вакцинира ќе може да наведе едно лице што ги убедило на тоа, и тоа лице ќе добие подарок ваучер во вредност од 50 швајцарски франци (околу 3000 денари).
Локалните власти ќе одлучат каде може да се користи ваучерот, на пример во кината или рестораните.
„Секој може да помогне убедувајќи пријател, сосед, колега или член на семејството за придобивките од вакцинацијата“, објави владата. „Оваа соработка меѓу населението треба да се награди“.
Швајцарија има една од најниските стапки на вакцинација во Западна Европа. Само 58 проценти од 8,7 милиони жители се целосно вакцинирани.
Швајцарија досега прими 11,9 милиони дози, а искористи 10,4 милиони.






