Врховниот суд одобри пуштање на девет каталонски политичари и активисти откако владата ја донесе одлуката за помилување, а тие во средата излегоа од затвор.
Премиерот Педро Санчез претходно го нарече помилувањето знак на добра волја и прв чекор кон решавањето на политичкиот судир на Мадрид со богатиот североисточен регион, чија влада бара нов референдум за независност, но со согласност на Мадрид.
Деветте каталонски лидери беа осудени во 2019 година на казни меѓу девет и 13 години затвор, поради бунт и злоупотреба на јавно средства при организирањето на референдумот за независност на Каталонија од Шпанија.
Помилувањето се условни и забраната за вршење јавни функции за тие каталонски лидери останува на сила.
„Не станува збор само за тоа дека (референдумот) е противуставен туку и за тоа дека не можеме да го продолжиме разурнувањето на каталонското општество“, им кажа на пратениците Санчез, одговарајќи на барањата на сепаратистичките пратеници за референдум кој би го одобрил Мадрид.
Владата ја одобри можноста за амнестија на околу 3.000 лица против кои се водат постапки поради улогата во референдумот во 2017 која би ги опфаќала и политичарите кои избегаа од Шпанија за да избегнат кривичен прогон, како тогашниот шеф на регионалната влада Карлес Пучдемон.
„Нема да има амнестија, нема да има самостојност, но ќе има дијалог и политика“, кажа регионалниот министер за внатрешни работи Мигел Исета.
Министерот за правосудство Хуан Карлос Кампо истакна дека Пучдемон останува бегалец кого го бара шпанското правосудство.






