четврток, 16 април 2026

Шпанскиот премиер најави помилување на притворените каталонски лидери

Објавено на

часот

Сподели

Со помилувањата што владата треба да ги потврди на неделната седница, социјалистичкиот премиер Санчез сака да ги ублажи тензиите во североисточниот регион и на тој начин да започне преговори меѓу Мадрид и каталонските власти.

„Конфронтацијата не решила ниеден проблем“, рече тој во говорот во познатата опера во Барселона, на настан на кој присуствуваа околу 300 претставници на каталонското граѓанско општество.

„За да се постигне договор, некој мора да го направи првиот чекор“, рече Санчез и додаде дека тоа ќе го стори шпанската влада.

Анкетите претходно покажаа дека околу 60 проценти од Шпанците, вклучувајќи ги скоро сите опозициски партии, се спротивставуваат на ослободувањето на деветмина политичари и активисти приведени во 2019 година за нивната улога во хаотичните, а понекогаш и насилни настани што ја предизвикаа најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ