сабота, 18 април 2026

Шефот на унгарската дипломатија: ЕУ би можела да го изгуби Западниот Балкан

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, кажа дека политиката на проширување е една од најважните политики на ЕУ.

Според него, Унијата ќе води „политики спротивни на нејзините интереси“ ако не успее да ги забрза преговорите за придружување со Србија и Црна Гора и ако го одложи почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

„Во тек е натпревар за интеграција на Балканот и вршење влијание врз регионот. Иако ЕУ има најмногу шанси за победа, земјите во регионот сите го избраа европскиот пат, трансатлантскиот правец на регионот не смее да се зема здраво за готово“, кажа Сијарто.

Тој истакна дека на ЕУ Западниот Балкан ѝ е попотребен отколку на Западниот Балкан Унијата и додаде дека губењето на регионот може да биде реално сценарио за ЕУ во случај на долготраен ќорсокак.

Сијарто кажа дека Србија и Црна Гора треба да бидат брзо интегрирани, а преговорите со Македонија и Албанија да почнат најбрзо што може.

„Доколку не го направи тоа, ЕУ ја ризикува стабилноста и безбедност во своето опкружување, наместо мир, помирување и економски напредок“, кажа шефот на унгарската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ