среда, 6 мај 2026

Шефот на СЗО за Европа: Ни требаат уште две-три недели за да дознаеме повеќе за омикрон

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа варијанта се проучува многу брзо и ќе ни требаат уште две до три недели за да дознаеме повеќе. Но, СЗО е загрижена затоа што (омикрон) има многу повеќе мутации од било која варијанта пред неа, што значи дека постои можност побрзо да се шири и дека постои поголема опасност од повторна инфекција“, изјави Клуге за Телевизијата на Црна Гора.

Од друга страна, тој потсети на бета варијантата на коронавирусот, која исто така беше откриена во Африка, со способност да го избегне имунолошкиот одговор на вакцината, но на крајот сепак не стана доминантна варијанта.

Запрашан зошто стапката на пренос на коронавирус е сè уште висока во Европа и покрај големиот број вакцинирани луѓе, тој одговори дека вакцините не го спречуваат ширењето на вирусот, туку го штитат поединецот од сериозно заболување и смрт. Така, вакцините, вели, спречуваат колапс на болниците.

Клуге ја истакна потребата да се имплементира она што го нарекува „вакцина + пристап“, кој предвидува вакцинација и истовремена примена на мерките од областа на јавно здравје и превентивните мерки.

Запрашан дали ќе треба да се вакцинираме на секои шест месеци, Клуге посочува дека сега треба да се види што ќе се случи по бустер дозата.

„Знаеме дека имунитетот што го обезбедува вакцината опаѓа, особено од триесеттата недела по вакцинацијата, па затоа е предложена бустер доза. Сега треба да видиме што ќе се случи по неа“, објасни Клуге.

Тој посочува дека едно од можните сценарија е болеста да премине од пандемиска ситуација во ендемична.

„Доколку овој вирус стане сезонска појава, како што е грипот, луѓето еднаш годишно би се вакцинирале. Тоа би било релативно поволна ситуација“, заклучи Клуге.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ