среда, 6 мај 2026

Шефот на СЗО вели дека е загрижен поради претераната реакција на некои земји на омикрон

Објавено на

часот

Сподели

„Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно“, рече шефот на СЗО.

„Подеднакво сум загрижен што некои земји-членки воведуваат остри, општи мерки кои не се засновани на докази ниту се ефикасни сами по себе и само ќе ги зголемат нееднаквостите“, додаде тој.

Првпат забележана во Јужна Африка пред една недела, варијантата омикрон предизвика глобална узбуна, доведе до забрана за патувања и дополнително ја истакна несразмерноста помеѓу масовната вакцинација во богатите и ниската вакцинација во сиромашните земји.

Обраќајќи се на состанокот зад затворени врати, лидерот на СЗО апелираше до 194 земји-членки да се придржуваат до „рационални и пропорционални“ мерки, се наведува на веб-страницата на СЗО.

Сè уште има повеќе прашања отколку одговори за сериозноста на варијантата и ефективноста на вакцината, рече Тедрос.

Досега не е забележан ниту еден смртен случај поради омикрон, иако СЗО вели дека оваа варијанта на коронавирусот претставува висок ризик за ненадејното зголемување на бројот на заразени.

„Уште еднаш, им благодарам на Боцвана и Јужна Африка што толку брзо ја открија, секвенционираа и пријавија оваа варијанта“, рече Тедрос.

„Длабоко загрижувачки е што другите сега ги казнуваат тие земји затоа што ја направија вистинската работа“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ