За време на состанокот на Европската Унија во Словенија на Столтенберг на конференција на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон му беше поставено прашање за последиците од договорот Аукус меѓу САД, Австралија и Британија врз трансатлантските односи.
„Разбирам дека Франција е разочарана“ бидејќи Канбера по Аукус го раскина мега-договорот за купување француски подморници, кажа тој. „Истовремено, сојузниците се сложни околу нашата главна цел дека мораме да останеме обединети“.
„Но не верувам во напорите за создавање нешто надвор од рамките на НАТО што би му конкурирало или би го заменило НАТО“, додаде тој.
Норвежанецот Столтеберг во пораката до 27-те шефови на држави и влади собрани на Брдо кај Крањ истакна дека 80 отсто од потрошувачката за одбраната на НАТО обезбедуваат земји кои не се членки на ЕУ. „Тоа се секако Соединетите Држави, но и други сојузници“, истакна тој.
„Но и географијата е важна, Турција на југот, Норвешка и Исланд на северот и Соединетите Држави, Канада и Британија на западот. Ако ја погледнете мапата, тие се важни за заштитата на цела Европа“.
„Секој обид за слабеење на трансатлантските врски со создавање алтернативни структури, зборувајќи дека можеме самите да се снајдеме, не само што ќе го ослаби НАТО, туку и ќе ја подели Европа“, предупреди Столтенберг.






