четврток, 7 мај 2026

Шефот на дипломатијата на ЕУ: САД, Британија и ЕУ размислуваат за санкции против Русија

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ и САД во 2014 година ѝ воведоа економски санкции на Русија, а цели на санкциите беа енергетскиот, банкарскиот и одбранбениот сектор. Сега размислуваат за воведување понатамошни мерки ако Русија се обиде да ја нападне Украина.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК Жосеп Борел, при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, им кажа на новинарите дека нивната цел е да одвратат напад.

„Во секој случај, ако Русија се обиде на кој било начин да ја нападне Украина, ние ќе испратиме јасен сигнал дека тоа скапо ќе ги чини. На координиран начин, со САД и Британија, проучуваме што би можеле да бидат санкциите, кога и какви“.

Дипломати на ЕУ изјавиле за Ројтерс дека расправата била фокусирана на постепено зголемување на санкциите, од можни забрани за патување и замрзнување на имотот на моќната руска политичка елита до збрана на сите финансиски и банкарски врски со Русија.

Една од опциите за кои се разговарало го вклучувала гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија и санкции против повеќе руски државни одбранбени и енергетски компании или откажување на договори за природен гас.

Но, претставниците истакнале дека такви мерки ќе бидат разгледувани само ако руската војска се обиде да изврши целосна воена инвазија на Украина.

Русија тврди дека нема намера да ја нападне Украина и го обвинува Киев дека ја распоредил половина украинска војска на контакт-линијата со проруските бунтовници на истокот на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ