четврток, 7 мај 2026

Шефицата на германската дипломатија: Северен тек 2 засега не може да биде одобрен

Објавено на

часот

Сподели

„Разговаравме за тоа во рамки на коалициските преговори и во коалицискиот договор пропишавме дека за енергетските проекти, а тука спаѓа и Северен тек 2, на сила е европскиот закон за енергетика. Тоа значи дека во овој момент овој закон не може да биде одобрен, бидејќи не е во согласност со барањата на европскиот енергетски закон“, кажа Бербок во интервју за ЗДФ, не прецизирајќи што не е во согласност со правото на ЕУ.

Според неа, тука е и прашањето на безбедноста.

„Уште претходната влада разговараше со Американците дека со понатамошна ескалација овој гасовод не може да биде приклучен во мрежата (на европскиот енергетски систем). Користам условен начин, бидејќи сега сме во фаза кога сакаме да направиме сè за повторно да почнат преговорите. Преговорите се најдобриот и најбезбедниот пат да се избегне понатамошна ескалација“, додаде германската министерка.

Таа, меѓутоа, не прецизираше за какви преговори мисли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ