четврток, 7 мај 2026

Сепаратистите го бојкотираа референдумот, Нова Каледонија останува во Франција

Објавено на

часот

Сподели

Со сите преброени гласачки ливчиња, 96,49 отсто биле против независноста, додека само 3,51 отсто биле за. Но, со излезност од само 43,90%, резултатот ќе покрене прашања за легитимноста на процесот.

На референдумите одржани на 4 октомври 2020 година и на 4 ноември 2018 година, против независноста се изјасниле 56,7 отсто од гласачите или 53,3 отсто.

Поддржувачите на независноста најавија дека нема да излезат на гласање, објаснувајќи дека е невозможно да се организира „фер кампања“ со оглед на тоа што островите од септември се силно погодени со ковид пандемијата, што може да го загрози слободното изразување.

Резултатот може да ги влоши етничките тензии, при што посиромашната домородна заедница Канак генерално ја фаворизира независноста во однос на побогатата белечка заедница.

Главното домородно движење за независност, ФЛНКС, инсистирањето на владата да продолжи со референдумот го оцени како „објава на војна“.

„Ме интересира какво општество ќе изградиме сега“, рече една жителка на главниот град Нуме, додавајќи дека „излегла на гласање затоа што тоа го сметала за граѓанска должност“. Сепак, таа смета дека „овој референдум не е многу важен бидејќи половина од населението одлучило воопшто да не гласа“.

Но, ова е сепак клучен чекор во процесот започнат во 1988 година со Матињонскиот договор во Париз, кој го запечати помирувањето на Каначите, првите жители на Нова Каледонија и Калдош, потомци на белите доселеници (воглавно Французи), по повеќегодишното насилство и напнатост.

Откако на референдумите во 2018 и 2020 година е отфрлено отцепувањето од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи повторно мораа да одговорат на прашањето „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“.

Во позадина на гласањето, се сè позатегнати односи меѓу Париз и неговите сојузници во регионот.

Австралијците ги налутија Французите со откажување на договорот за купување подморници во септември за да склучат безбедносен пакт со Велика Британија и САД.

Зад овие спорови расте улогата на Кина во регионот, па експертите сметаат дека независна Нова Каледонија би можела да биде под влијание на Пекинг, а мотивација за тоа е интересот на Кина за нивната рударска индустрија.

Кина и досега беше најголемиот увозник на новокаледонски металуршки производи, особено на никел.

Без оглед на исходот од референдумот, „ден по него ќе мора да се продолжи заедничкиот живот“ со Франција, особено „со оглед на геополитичката реалност на регионот“, рече во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ