понеделник, 4 мај 2026

Се урна дел од ѕидините на Кремљ, затворени се приодите кон Црвениот плоштад (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По силниот налет на ветрот не издржа ни скелето поставено на ѕидините на Кремљ. Ветерот го собори скелето на Црвениот плоштад, и оштети дел од ѕидините.

„Во тек е реставрација на дел од ѕидот од Спаска кула до Сенатската кула, а работите се сопрени поради ветрот“, кажа шефот на одговорниот оддел на Федералната служба за безбедност Денис Симонов.

Скелето и ѕидот се делумно урнати, додаде тој истакнувајќи дека никој не е повреден.

Приодите кон Црвениот плоштад сега се затворени од сите страни, јави агенцијата ТАСС.

Плоштадот е затворен поради уривањето.

Ова не е првпат ветар да нанесе штета на московски Кремљ. Во јуни 1998 беа урнати околу 200 стебла и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 делумно беше однесен дел од палатата на Сенатот.

Во невремето е скршен еден од 1.045 „заби“ на ѕидините.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како паѓа скелето од долгиот ѕид на Кремљ меѓу Спаската кула и Лениновиот мавзолеј.

Работите на обнова на ѕидините на Кремљ, кои имаат 20 кули и го изградиле италијански архитекти на крајот на 15 век, траат веќе неколку години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ