петок, 1 мај 2026

Се отвори нова пукнатина на вулканот на Ла Палма, река од лава и дожд од пепел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Река лава излегува од нова пукнатина што се отвори во четвртокот вечер, а широка е околу 400 метри.

Неколку пукнатини се отворени од почетокот на вулканската ерупција на 19 септември, но Канарскиот институт за вулканологија го опиша последното отворање како нов „фокус на ерупцијата“.

Вулканологот од Шпанскиот национален географски институт во Тенерифе рече дека е прерано да се каже дали новиот ток на лавата ќе загрози уште домови.

Портпаролот на Итните служби на Канарските Острови рече дека не е наредена нова евакуација, а Вулканскиот комитет Пеквола ги проценува податоците за новата ерупција.

Околу 6.000 луѓе се евакуирани од ерупцијата на вулканот и уште не се вратени во домовите.

Уништени се повеќе од 800 објекти, вклучувајќи куќи, цркви и училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ