понеделник, 4 мај 2026

Саудиска Арабија планира до 2060 година да ги намали емисиите на стакленички гасови на нула

Објавено на

часот

Сподели

Престолонаследникот Мохамед бин Салман ја претстави Саудиската зелена иницијатива воочи 26 конференција на ОН за климата (КОП26) во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, на која земјите од светот треба да се заложат за поголемо намалување на емисиите на стакленички гасови.

Потписникот на Парискиот климатски договор Ријад во саботата ги претстави своите национално определени придонеси (НДЦ) – целите на секоја поединечна земја како дел од глобалните напори да се спречи порастот на просечните глобални температури над 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

САД и ЕУ сакаат Саудиска Арабија да се приклучи на глобалната иницијатива за намалување на емисиите на метан за 30 отсто во однос на нивото од 2020 до 2030 година.

Американскиот претставник за клима Џон Кери ќе присуствува на поширокиот блискоисточен зелен самит, организиран од Ријад во понеделник.

Принцот Мохамед рече дека Саудиската зелена иницијатива има за цел да елиминира 278 милиони тони емисии на јаглерод годишно, што е повеќе од претходната цел од 130 милиони тони.

Друг производител од регионот, членка на ОПЕК, Обединетите Арапски Емирати, месецов веќе објави план за нулта емисии до 2050 година.

Саудиска Арабија e критикувана дека дејствува премногу бавно. Економијата на кралството продолжува и понатаму во голема мера да се потпира на приходите од нафта, бидејќи економската диверзификација заостанува зад амбициите поставени од престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман.

Саудиските власти велат дека светот ќе продолжи да има потреба од саудиската нафта со децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ