сабота, 2 мај 2026

Сакашвили сепак ќе мора во затвор, веруваше дека властите во Тбилиси ќе го ослободат

Објавено на

часот

Сподели

Сакашвили верувал дека народот ќе се побуни ако властите го уапсат. Но, иако од 2015 година тој не е граѓанин на Грузија, ќе му се суди во Тбилиси.

Тој планирал да се појави во центарот на грузиската престолнина, по завршувањето на локалните избори, бидејќи се надевал дека народот масовно ќе излезе на улиците за да протестира поради крадењето гласови. Верувал дека ќе го чекаат околу стотина илјади луѓе. Но, наместо еуфоричен дочек, тој е во затвор.

Сакашвили купил авионски билет за 2 октомври за да ја залаже полицијата. А на 1 октомври од Батуми пушти снимка со која го најави своето враќање. Очигледно нелегално поминал од Турција во Грузија, па не е регистриран на ниеден граничен премин.

Михаил Сакашвили верувал дека властите во Тбилиси ќе го пуштат бидејќи сега е граѓанин на Украина. Тој раководи со Националниот совет за реформи во Украина. Во отсуство е осуден за четири кривични дела на девет години затвор, а сега ќе му биде судено и за незаконско преминување на границата.

Додека беше претседател потрошил три милиони долари во приватни цели. Судено му е и за тоа што во 2005 година го истепал пратеникот Валериј Гелашвили, а во 2014 ги попречувал органите да утврдат кој го убил банкарот Сандро Гиргвилјани. Додека бил претседател на Грузија Сакашвили им наредил на специјалците во 2007 да растурат митинг на опозицијата, а потоа да влезат во телевизиско студио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ