Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот во декември со големо мнозинство го изгласаа законот за одбрана, со силна поддршка и од демократите и од републиканците за годишниот закон со кој се утврдува политиката на министерството за одбрана, потсетува Ројтерс, наведувајќи дека НДАА станува закон секоја година веќе шест децении.
Со одобрување околу пет отсто поголемо воено трошење од оваа година, фискалниот НДАА за 2022 година претставува компромис на интензивните преговори на демократите и републиканците во двата дома.
Тој вклучува зголемување на платите на војниците од 2,7 отсто, пообемна набавка на авиони и бродови, како и стратегија за соочување со геополитичките закани, што особено се однесува на Русија и Кина, наведува британската агенција.
НДАА вклучува и 300 милиони долари наменети за Иницијативата за безбедносна помош за Украина која им пружа помош на украинските безбедносни сили, додека четири милијарди долари се предвидени за Европската одбранбена иницијатива, 150 милиони за балтичката безбедносна соработка, а 7,1 милијарди долари се предвидени за Иницијативата за одвраќање на Пацификот.






