четврток, 23 април 2026

САД се фалат: Дониравме повеќе вакцини за светот отколку сите други земји заедно

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението во кое се фали „американската дарежливост“, Белата куќа во вторникот истакна дека Соединетите Држави му донирале на светот повеќе вакцини „отколку сите други земји заедно“.

Во говорот во Вашингтон, американскиот претседател го истакна главниот аспект на напорите на САД во борбата против пандемијата ковид-19: да се запре ширењето на вирусот во странство.

САД испратија 111.701.000 дози во повеќе од 60 земји, главно преку меѓународната иницијатива Ковакс, но исто така и во соработка со партнери како Африканската унија и КАРИКОМ (Карипска заедница).

Досега, главни корисници се Индонезија (8 милиони дози), Филипини и Колумбија (6 милиони дози и повеќе), Виетнам, Бангладеш, Пакистан и Јужноафриканската Република (5 милиони и повеќе).

Тие донации се „само почеток“, се вели во соопштението на Белата куќа.

САД ќе започнат со испорака на 500 милиони дози од Фајзеровата вакцина ветена на 100 земји во развој до крајот на месецот.

„САД не ја користеше и нема да ја користи вакцината за да извлече корист од други земји“, истакна Белата куќа во време кога редовно постои сомнеж дека Кина и Русија ја користат вакцината за дипломатски цели.

На национално ниво, Џо Бајден повторно истакнува дека Американците мора да ги примат своите дози, додека кампањата за вакцинација повторно се забрзува по нискиот одзив на почетокот на летото.

Белата куќа најави дека претседателот ќе ги спомене „неодамнешните иницијативи на приватниот сектор за да се обезбеди сигурност на работните места благодарение на задолжителната вакцинација; позитивниот тренд на забрзување на вакцинацијата, особено во области со висока стапка на инциденца; и големиот напор на Американците на локално ниво“.

Големите компании како Дизни, Гугл и Фејсбук сакаат да ги принудат своите вработени да се вакцинираат.

САД во понеделникот достигнаа стапка од 70 проценти возрасни кои примиле барем една доза од вакцината против ковид-19 скоро еден месец подоцна во однос на рокот што го постави претседателот Џо Бајден за постигнување на таа цел.

Демократскиот претседател првично постави цел од 70 проценти вакцинирани до 4 јули, американскиот национален празник Денот на независноста, како симбол на победата над пандемијата.

Но, забавувањето на кампањата за вакцинација, особено во традиционално конзервативните области на југ и средниот запад и меѓу помладата популација, сиромашните и етничките малцинства, ја спречи земјата да ја постигне таа цел.

Но, САД забележаа скок на стапката на вакцинација во последните недели во областите погодени од најновиот бран на ковид-19, предизвикан во голем дел од појавата на високо заразната делта варијанта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ