четврток, 16 април 2026

САД немаат право да се мешаат во нашите избори и политика, тврди Иран

Објавено на

часот

Сподели

Портпарол на Стејт департментот во понеделникот рече дека САД сметаат дека начинот на кој Ибрахим Раиси е избран за претседател е „доста фабрикуван“, повторувајќи дека ставот на САД дека претседателските избори во Иран не биле „ниту слободни ниту фер“.

„Сметаме дека оваа изјава е мешање во нашите внатрешни работи, што не е поддржано од меѓународното право и ја отфрламе“, изјави портпаролот на иранската влада Али Рабиеи.

„Владата на САД нема овластување да ги искажува своите ставови за изборите во Иран или која било друга земја“, рече Рабиеи.

Раиси, ултраконзервативен судија, кој е под американски санкции поради кршење на човековите права, обезбеди победа на претседателските избори во саботата, како што се очекувало, со оглед дека политичкиот натпревар бил обележан со апатија на гласачите поради економската нестабилност и политичките ограничувања во земјата.

Повеќе од половина од граѓаните со право на глас биле премногу незадоволни за да гласаат или ги послушале противниците на режимот во земјата и во странство и ги бојкотирале изборите. Многу гласачи кои се залагале за реформи, сметаат дека немале за кого да гласаат затоа што електоратот им забранил учество на истакнати личности и конзервативци да се кандидираат.

Излезноста на изборите, на кои се кандидираа четворица кандидати била на рекордно ниско ниво – околу 48,8 проценти, а 3,7 милиони неважечки гласачки ливчиња се сметаат за протестни гласови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ