вторник, 13 мај 2025

САД извршија еден од најсмртоносните напади врз хутите во Јемен

Во американскиот напад на нафтеното пристаниште Рас Иса во западен Јемен загинаа најмалку 38 лица, објавија локалните медиуми, што го прави еден од најсмртоносните денови откако САД ги започна нападите врз милитантите поддржани од Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Телевизијата Ал Масира јави дека 102 лица биле ранети во нападите, за кои американската војска соопшти дека имале за цел да го отсечат изворот на гориво на милитантите хути. Првичните извештаи, повикувајќи се на локалното Министерство за здравство, велат дека бројот на загинати е најмалку 17.

„Целта на овие напади беше да се уништи економскиот извор на моќ на хутите, кои продолжуваат да ги искористуваат и нанесуваат голема болка на своите сонародници“, соопшти Централната команда на САД на платформата Икс. На прашањето на Ројтерс за бројот на жртвите изнесени од хутите, немаше дополнителни коментари.

САД започнаа со големи напади против хутите минатиот месец, велејќи дека тие ќе траат се додека хутите не престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.

Од ноември 2023 година, хутите извршија десетици напади со беспилотни летала и ракети, велејќи дека тие се насочени кон бродови поврзани со Израел и се изведени во знак на протест и одмазда за војната во Газа.

Нападот во четвртокот беше еден од најсмртоносните откако САД започнаа со воздушни напади врз хутите, во својата најголема воена операција на Блискиот Исток откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Во март, повеќе од 50 луѓе беа убиени во два дена од американските напади, соопштија локалните власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ