четврток, 14 мај 2026

Допирал ученички, притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип

А.Ш. (65), раководител на образовен центар во Штип заврши во притвор, откако полицијата го уапси по пријава на родители дека допирал ученички.

Објавено на

часот

Сподели

„На 11 мај во 19:50 часот полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишија од слобода А.Ш. (65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители, во присуство на ученичките и на претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Штип“, соопшти полицијата.

Со судска наредба се извршени претреси во неговиот дом и во образовниот центар и се одземени предмети за понатамошна постапка.

„А.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена“, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ