Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 19 до 25 степени. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






