Некогашната гордост на Дебар Маало, фудбалскиот клуб Работнички, ги доживува најцрните денови од формирањето на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Романтичарите имаа мизерна сезона кога се во прашање резултатите, испаднаа од најдобрата лига, а кога ќе се види колку „домаќински“ работат сопствениците на клубот, не е чудно што Работнички допре на толку ниско ниво.
Работнички нема свој стадион, има само терени за тренинг кои сега се во очајна состојба. Особено ужасен е теренот на кој тренираат младите категории, тој е цел со дупки, на него не може да се тренира нормално.

Некогаш од овој клуб излегуваа фудбалски репрезентативци, играчи кои беа продавани во странство. Но, овие услови кои сега ги има Работнички, не се достојни ниту за клубови кои играат во четвртата лига.

Извор: Офф.нет.мк






