„Мораме да најдеме начин да извршиме и да го зголемиме притисокот врз Пекинг да се придржува до Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето и да се спротивставиме на нивното насилничко однесување и претераното присвојување на морето“, кажа Харис за време на средбата со виетнамскиот претседател Нгјен Суан Фук.
За време на вчерашниот говор во Сингапур Харис кажа дека агресивните територијални присвојувања во Јужното Кинеско Море претставуваат „присила“ и „заплашување“.
Пекинг речиси целото Јужно Кинеско Море го смета за своја територија, и покрај претензиите на околните земји, и изгради вештачки острови со воени објекти на гребените во тој регион.
Харис кажа дека САД на Виетнам ќе му донираат нов брод за крајбрежната стража кој ќе им помогне да ги бранат крајбрежните територии.
Вашингтон кажа дека билатералните односи на двете земји ќе ги кренат на ниво на таканаречено „стратегиско партнерство“.
Харис во Виетнам стигна синоќа по дводневната посета на Сингапур во рамки на кратката турнеја по југоисточна Азија, и од Ханој ќе замине утре.






