„Не гледаме никакви пречки за понатамошната работа. Ова ни го потврди генералниот директор на СЗО“, рече Мурашко на прес-конференција во Женева по состанокот со директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе ТАСС.
„Сега е неопходно компанијата што се занимава со регистрација на вакцината во СЗО да потпише и да достави документи. Тоа е административна постапка“, рече Мурашко.
Гебрејесус му се заблагодари на рускиот министер за здравство за посетата, велејќи дека средбата била конструктивна.
Во Женева Мурашко разговараше и со американските претставници за прашањето за заемно признавање на сертификатите за вакцинираност против ковид-19.
„Американските претставници ги слушнаа аргументите на Русија и сфатија дека тоа е рационално, бидејќи одобрувањето вакцина што ќе се продава на пазарот и одобрувањето вакцина за директна превенција на ковид-19 се различни процеси“, посочи тој.
Тој прецизираше дека треба да разговараат за признавање на сертификати, а не на вакцини, како и за ефикасноста на превентивните мерки.






