четврток, 7 мај 2026

Русите тврдат дека нивната вакцина Спутник дава одлична заштита од омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Употребата на руската вакцина Спутник лајт како засилувачка доза помага да се развие посилен одговор на антителата на варијантата омикрон, според студијата на институтот Гамалеја.

Прелиминарните податоци на Гамалеја велат дека ефективноста на Спутник V во комбинација со засилувачката Спутник лајт против омикрон може да биде повеќе од 80 проценти.

РДИФ објави дека прелиминарната лабораториска студија на Гамалеја покажала дека Спутник V покажува „висока активност во неутрализација на вирусот“ против омикрон.

Руското Министерство за здравство го препорачува Спутник лајт како засилувачка доза шест месеци по вакцинацијата со Спутник V.

Руската вакцина сè уште не е одобрена од Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови.

Експертите од двете агенции тврдеа дека вакцината не е одобрена поради некомплетната руска документација.

Портпаролот на Кремљ во вторникот изјави дека сите информации што ги бара СЗО досега не биле испратени во Женева поради недоразбирање.

„Навистина има одредени информации што допрва треба да бидат доставени за сертификација“, изјави за Интерфакс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште не сме го направиле тоа бидејќи поинаку сфативме за какви информации станува збор и како да ги пренесеме“, додаде тој.

Тоа признание е невообичаено бидејќи Русија досега тврдеше дека Спутник V сѐ уште не е одобрена од политички причини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ