Министерството за одбрана објави дека проектилот бил испукан од фрегатата Адмирал Горшков, воен брод стациониран во Белото Море, и дека летал со брзина седум пати поголема од звукот и погодил цел оддалечена 350 километри на земјата, на брегот на Баренцово Море.
„Тактичките и техничките карактеристики на Циркон се потврдени со ова тестирање“, објави руското министерство.
Некои западни експерти се прашуваат колку е навистина напредна новата генерација на руско оружје, но признаваат дека овие хиперсонични проектили се тешки за следење и пресретнување поради нивната комбинација на брзина, можност за маневрирање и висина.
Русија планира своите подморници и воени бродови да ги опреми со ракетниот систем Циркон.
Ројтерс потсетува дека уште во 2018 година, Путин го најави спектарот на нови хиперсонични оружја во еден од своите највоинствени говори и тогаш најави дека тоа оружје може да ја достигне скоро секоја точка на светот и да го избегне американскиот антиракетен систем.
Следната година, Путин се закани дека ќе распореди хиперсонични проектили на бродови и подморници кои би можеле да бидат подготвени надвор од територијалните води на САД и да дејствуваат доколку САД распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.
Вашингтон не распореди такво оружје во Европа, но Москва стравува дека тоа може да се случи.






