„Знаеме што се безбедносни прашања. Поради тоа создаваме оружени сили, повикувајќи ги нашите западни партнери да се вклучат во разговорите за начините светот да биде побезбедно и постабилно место, како и да спречиме конфликти и да ги решаваме проблемите по мирен пат“, кажа Захарова, а пренесува ТАСС.
Таа додаде дека западните земји се обидуваат да ја обвинат Русија за распоредување трупи на границата со Украина, што, како што наведе, не е ништо друго освен западна медиумска пропаганда.
Таа препорача дека, наместо поставување прашања за позициите на руските трупи, западните медиуми би требало да се фокусираат на тоа колку многу НАТО трупи се стационирани во Украина и колку оружје ѝ било дадено на таа земја во претходните години.
Захарова укажа и на одржувањето на големи воени вежби на НАТО во Црното Море.






