„Навистина постојат одредени информации кои допрва треба да бидат испратени за сертифицирање“, кажа Песков за Интерфакс. „Тоа сè уште не сме го направиле затоа што поинаку сфативме за што станува збор и како да ги предадеме“.
Ова признание е необично бидејќи Русија досега тврдеше дека Спутник V не е одобрен од политички причини.
Европската агенција за лекови (ЕМА) исто така уште ја нема одобрено руската вакцина.
Експертите на двете агенции тврдеа дека вакцината не е одобрена поради нецелосната руска документација.
Експертите на СЗО би требало во јануари да ја посетат Русија и да ги проверат погоните за производство на вакцината.






