петок, 24 април 2026

Русија откри план за евакуација на над 500 луѓе од Авганистан, меѓу кои и Украинци и Белоруси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во средата наутро, Министерството објави дека процесот ќе го спроведат четири воени транспортни авиони што летаат од аеродромот Улјановск, околу 500 километри јужно од Москва. Авионот ќе биде опремен со вода за пиење, храна и ќебиња, а во него ќе има и медицински тимови.

„На 25 август, по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу организираше евакуација… на повеќе од 500 граѓани на Русија, земјите-членки на ЦСТО (Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан) и на Украина“, се вели во соопштението на Министерството.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=J2QVqSGNxoM autoplay:0]

Минатата недела, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, откри дека Москва, исто така, ќе ги евакуира авганистанските граѓани доколку некоја земја е спремна да ги прифати како бегалци.

Самата Русија не сака да прифаќа бегалци од Авганистан.

Говорејќи за РТ во вторникот, рускиот амбасадор во Авганистан, Дмитриј Жирнов, откри дека сѐ уште не гледа потреба да ги евакуира вработените во неговата амбасада од земјата, но истакна дека неколку луѓе што ги завршиле своите службени патувања или ги почнале годишните одмори, сѐ уште не успеваат да заминат.

„Поради хаосот што Американците го направија на аеродромот во Кабул, меѓународните летови се откажани“, рече Жирнов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ