четврток, 7 мај 2026

Русија ја нарече „срамна“ британската пресуда за екстрадиција на Асанж

Објавено на

часот

Сподели

Пишувајќи на својот канал на Телеграм, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ја критикуваше пресудата, истакнувајќи дека таа е донесена на Меѓународниот ден на човековите права.

„Оваа срамна пресуда во овој политички случај против новинар и јавна личност е уште една манифестација на канибалистичкиот светоглед на англосаксонскиот тандем“, рече таа.

САД го бараат Асанж под обвинение за шпионажа, а последнава одлука ја отвора вратата за негово идно судење во Америка. Претходно оваа година, окружниот суд го одби американското барање за екстрадиција, наведувајќи ја ранливата психичка состојба на новинарот.

Сепак, денешната пресуда не е конечна и сè уште може да се обжали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ