петок, 24 април 2026

Русија испорачува оружје и хеликоптери за државите околу Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе работиме на одреден број нарачки од регионот за испорака на руски хеликоптери, лесно вооружување и модерен систем за заштита на границите“, ја објави агенцијата РИА Новости изјавата на Александар Микејев, генерален директор на компанијата Рособоронекспорт, задолжена за извоз на оружје.

Државите од централна Азија, вклучително и Узбекистан и Таџикистан кои се граничат со Авганистан, претрпеа џихадистички напади во 1990-тите и 2000-тите години и стравуваат од повторување на таквите сценарија, бидејќи талибанците повторно ја преземаа контролата над Авганистан.

Москва, која има свои воени бази во централна Азија, се плаши од инфилтрација на авганистански џихадисти кои би можеле да влезат во регионот „маскирани како бегалци“.

Руските власти, исто така, стравуваат од разгорување на трговијата со опиум и хероин, наркотици за кои Авганистан е главен светски производител.

По заедничките руски воени вежби во Узбекистан и Таџикистан, новите воени вежби од 7 до 9 септември во Киргистан треба да ги спроведат земјите-членки на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ЦСТО), воена алијанса предводена од Москва.

Овие воени вежби треба да ги обучат војниците да „уништат илегални вооружени групи што се инфилтрирале на територија на некои од земјите-членки на ЦСТО“, изјави портпаролот на алијансата за Интерфакс.

Талибанците велат дека тие не се закана за другите држави од централна Азија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ