Според овие предлози, ќе биде неопходно да се „покажат докази за вакцинација, закрепнување по инфекција со ковид или контраиндикација за вакцинација за пристап до поголеми собирни места, места за културни настани, ресторани или продавници“.
Владата, која ги објави мерките на својата веб-страница, прецизира дека „нема да се бара здравствена карта за да се оди во аптека, супермаркет или места каде што се продаваат основни намирници“.
Иако овие измени мора да бидат одобрени од парламентот, владата вели дека тие ќе стапат во сила на 1 февруари 2022 година.
Со втората низа измени се предвидува воведување задолжителна здравствена карта за патување со воз или авион до Русија.
Од летото Русија се соочува со зголемување на бројот на случаите на коронавирусот, слабо почитување на мерките и ограничена реакција на властите, кои отфрлаат каква било драстична мерка.
Како една од земјите најтешко погодени од пандемијата, Русија има повеќе од 250.000 починати што биле заразени со коронавирусот. Но на крајот на септември, статистичката агенција Росстат објави податоци за близу 450.000 смртни случаи.
Вчера Голикова на состанокот рече дека таквата стапка на смртност „не предизвикува само загуба на членовите на нашите семејства и најблиските, туку влијае на целата руска демографија“.






