Во претходните 24 часа починаа уште 924 луѓе, нешто помалку од рекордните 929 за еден ден, како што објавија вчера властите.
Според официјалните податоци, Русија има најголем број смртни случаи од коронавирусот во Европа, повеќе од 213.000, а методот на пресметка покажува дека вистинскиот број е поголем.
Властите денеска пријавија 27.550 нови инфекции, што претставува зголемување за околу 10 проценти од претходниот ден.
Во Москва, бројот на новозаразените се зголеми за 50 проценти, на 5.404.
Бројот на новозаразени и починати нагло почна да расте на крајот на септември, за што властите го обвинија слабиот одѕив на граѓаните на вакцинацијата.
Од 146 милиони луѓе во Русија, околу 33 проценти примиле барем една доза од вакцината, додека 29 проценти се целосно вакцинирани.
И покрај наглиот пораст на инфекциите, Кремљ се противи на нов „карантин“ и одлуката за заострување на мерките им ја препушта на регионалните власти.
Русија досега пријави повеќе од 213.500 смртни случаи од коронавирусот и повеќе од 7,7 милиони потврдени инфекции.






