четврток, 23 април 2026

Русија има најголем број мртви во еден ден од почетокот на пандемијата

Објавено на

часот

Сподели

Претходно најголем број мртви беа забележани на 7 јули – тогаш починаа 737 луѓе, пренесе РИА новости.

Штабот надлежен за пандемијата денеска објави дека се потврдени 25.082 новозаразени лица во изминатите 24 часа, од кои 5.694 во Москва.

Така, бројот на заразени лица во Русија порасна на 5.758.300 од почетокот на пандемијата. Во земјата починаа 142.253 луѓе, а 5.182.837 оздравеа од болеста.

Федералното биро за статистика изнесува свои сопствени податоци, па во петокот објави дека од април 2020 година до мај 2021 година, во Русија се потврдени 290.000 смртни случаи поврзани со ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ