Кремљ издаде заедничко соопштение по повод 20 годишнината од договорот, по видео-разговорот меѓу претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг.
„Во декларацијата исто така се посочува дека во февруари 2022 година договорот автоматски ќе биде продолжен за пет години“, рече Путин, според записникот објавен од руското претседателство.
„Во време кога светот влезе во период на превирања и промени, и кога човештвото се соочува со разни ризици, блиската кинеско-руска соработка донесе позитивна енергија на меѓународната заедница“, рече Си Џинпинг, пренесе Кремљ.
Путин додаде дека соработката меѓу Москва и Пекинг игра „стабилизирачка улога во светските прашања, во контекст на растечките геополитички турбуленции“.
Во последните месеци, двете земји повеќе пати издаваа изјави за поддршка и најавија засилена соработка во областа на економијата, информирањето и вселенската индустрија.
Ова приближување се случува во време на тензии и растечка конкуренција меѓу Кина и САД и растечки руско-американски тензии.
Пекинг и Москва се поврзани со „стратешко партнерство“ од 1996 година, а од 2001 година и со Договорот за пријателство. Во 2004 година, двете земји решија сложен спор на нивната граница долга 4.250 километри.






