среда, 22 април 2026

Русија го претстави противавионскиот систем С-500 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Министерството соопшти дека ракетата успешно погодила „брза балистичка цел“. Лансирањето на ракетата од системот С-500 кон брза балистичка цел е одржано на полигонот Капустин Јар.

Како што соопшти руското министерство, системот С-500 нема конкуренти во светот и е дизајниран да порази цел спектар на постоечки и идни воздушни оружја на потенцијални непријатели, на различни височини и брзини.

Се тврди дека С-500, наречен Прометеј, е способен да уништи балистички и крстаречки ракети, како и авиони и хеликоптери, во опсег од 600 километри.

Најавено е дека првите ракети С-500 ќе бидат испорачани во 2025 година, пренесува Ројтерс.

Министерството соопшти дека по завршувањето на целиот циклус на тестирања, првите системи С-500 ќе бидат доставени до противвоздушната одбрана на московскиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ