Тој го кажа тоа во одговор на барањето да ја прокоментира изјавата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Остин оваа седмица ја посети Украина и во таа пригода кажа дека Вашингтон ја поддржува желбата на Киев да ѝ се придружи на трансатлантската алијанса и дека ниедна земја не може да стави вето на таквиот потег.
Руденко подвлече дека „приемот на Украина во НАТО би бил исклучително опасен чекор“ и би ја принудил Москва да реагира. Рускиот претставник рече дека Кремљ го предупредил сојузот на можните последици.
Претходно, Остин, коментирајќи ги шансите на Украина за членство во алијансата, рече дека трети земји немаат право да ставаат вето на приемот на Украина во НАТО и дека Вашингтон го поддржува Киев во неговите аспирации. Руденко истакна дека ова не е првпат од устите на претставниците на НАТО или на американски претставници да доаѓаат оцени од ваква природа, додавајќи дека овој пристап генерално се рефлектира во повелбените документи.
„Но ние сѐ уште се фокусираме не на официјалната позиција, туку на конкретни чекори. Веруваме дека ова ќе биде крајно опасен чекор што ќе ја натера Русија да реагира соодветно“, рече Руденко. „Бидејќи се работи за преговори меѓу НАТО и Украина, на нив останува да одлучат кога и што е потребно, но ние на некој начин ги предупредивме, секој чекор ќе има последици. НАТО ја знае нашата позиција за Украина“, рече високиот дипломат.






