Портпаролот Хари Роке им изјави на новинарите дека Дутерте одлучил да се кандидира на изборите, но не кажа за која функција претседателот ќе поднесе кандидатура, пренесува Ројтерс.
Дутерте нема право повторно да се кандидира за претседател, а може да се кандидира за други функции, како сенатор, конгресмен, градоначалник или гувернер.
Дутерте беше градоначалник на градот Давао пред да се кандидира за претседател во 2016 година.
Сепак, изјавата на портпаролот на претседателот е во спротивност со изјавата на шефот за комуникации на претседателот од саботата, кој рече дека Дутерте ќе се кандидира за функцијата потпретседател, и ќе ја предизвика својата ќерка Сара Дутерте-Карпио, која се бори за истата позиција.
На Филипините, претседателот и потпретседателот се избираат на одделни избори.






