вторник, 5 мај 2026

Бугарската претседателка му го даде мандатот за состав на влада на поранешниот претседател Радев

Бугарската претседателка Илијана Јотова објави дека ќе го додели мандатот за состав на нова влада на Напредна Бугарија, партијата на поранешниот претседател Румен Радев, која убедливо победи на парламентарните избори во април.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напредна Бугарија освои 44,7 проценти од гласовите и може да владее сама, иако не ја исклучи можноста за коалиција со проевропски блок и помала партија.

Проевропската коалиција Продолжуваме со промените – демократска Бугарија доби 13,2 проценти, а до неодамна владејачката партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доби 13,4 проценти од гласовите.

Резултатот кој ги надмина предизборните анкети е една од најубедливите победи на некоја бугарска партија и би можел да стави крај на периодот на политичка нестабилност кој доведе до осум избори во последните пет години.

Изборите беа распишани откако претходната влада се обиде да го протурка контроверзниот буџет минатиот декември, што предизвика масовни протести кои Радев ги поддржа како претседател.

Радев (62) се смета за прагматичен, донекаде проруски лидер кој ги критикуваше санкциите на Европската Унија и повика на конструктивен дијалог со Кремљ.

Поранешниот пилот на борбен авион МиГ-29 и врховен командант на бугарските воздухопловни сили се спротивставува на бугарската воена поддршка на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ