вторник, 5 мај 2026

Трамп: Иран би требало да крене бело знаме

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп оцени дека иранската армија повеќе не е способна да води војна и порача дека Техеран „треба да го крене белото знаме на предавање“, но е премногу горд за да го стори тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп им кажа на новинарите во Овалната канцеларија дека иранската војска спаднала на пукање „ќорци“ и дека Техеран тајно сака да постигне договор иако јавно тропа со оружје.

„Тие играат игри, но ќе ви кажам нешто: тие сакаат да постигнат договор. А кој не би сакал ако војската ви е упропастена?“, праша тој реторички.

Американскиот претседател имаше само пофални зборови за американската блокада на иранските пристаништа во регионот. „Практично е како челик. Никој нема ни да се обиде да ја пробие блокадата. Мислам дека функционира многу добро“, оцени тој.

На прашањето што би требало да направи Иран за да се смета за прекршување на прекинот на огнот, Трамп одговори: „Ќе знаете затоа што ќе ви кажам… И тие знаат што не им е дозволено да прават“.

Трамп додаде и дека Иран „треба да го чува белото знаме на предавање при рака“.

„Доколку ова беше тепачка, тие уште одамна ќе се предадеа“, заклучи американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ