петок, 24 април 2026

Републиканците: Бајден вчера ја изгуби вербата, самоувереноста и довербата на јавноста

Објавено на

часот

Сподели

Мекарти, наместо тоа, побара од лидерката на демократите и претседателка на долниот дом Ненси Пелоси да свика седница и да ја прекине летната пауза, за да се расправа за закони со кои, како што кажа, би се спречило целосно повлекување на трупите од Авганистан додека не се евакуираат сите Американци.

„Ова не е лидерството кое претседателот го вети. Ова е слика на слабост и неспособност. За да бидете врховен командант треба да имате верба, самоувереност и доверба од американската јавност. Претседателот Бајден сите три ги изгуби синоќа“, кажа Мекарти денес.

Вчера во напад на Исламска држава кај аеродромот во Кабул загинаа најмалку 92 лица, вклучувајќи 13 американски војници.

[video:https://youtu.be/d45co5w8dEI autoplay:0]

„Ќе дојде денот за преиспитување“, кажа Мекарти, додавајќи дека сега фокусот треба да биде на евакуацијата.

„Штом сите ги извлечеме надвор, би требало веднаш следната недела да поставуваме прашање и да бараме одговори за надлежните да одговараат за своето недејствување“, заклучи тој.

Крвавото и хаотично повлекување е последното прашање кое републиканците го користат против Бајден, додека се спремаат за изборите на половина на мандатот во 2022, на кои се фаворити за преземање на контролата над Претставничкиот дом. Републиканците го обвинуваат Бајден и за порастот на бројот на емигранти на американско-мексиканската граница, растот на стапката на криминал и инфлацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ