сабота, 18 април 2026

Реагираше министерството за одбрана на Србија: Не го соборивме бугарскиот МиГ-29

Објавено на

часот

Сподели

Борбениот авион МиГ-29 се урна на 9 јуни за време на заедничка вежба со Србија во Црното Море, а пилотот загина. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

„Воената вежба на српската војска во Бугарија, на полигонот во близина на градот Шабла, и веројатноста дека нашиот МиГ би можела да го собори ракета С-125 Нева која ја лансирале Србите би требало да биде тема на жестока политичка дискусија, особено пред парламентарните избори. Но, таква дискусија нема. Сите партии, медиуми, аналитичари молчат“, напиша Лилов на Фејсбук.

По неговите обвинувања на сметка на Србија, реагираше српското министерство за одбрана со соопштение дека тврдењата се неточни и злонамерни.

„По повод неточните и злонамерни тврдења и нагаѓања кои ги изнесе бугарскиот новинар Григор Лилов, а кои ги пренесоа одделни медиуми, министерството за одбрана ја инзвестува јавноста дека припадниците на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на војската на Србија на денот на падот на бугарскиот авион МиГ-29 не изведуваа дејства со ракетни единици на противвоздушната одбрана, како и дејства на авијацијата на полигонот Шабла ниту можат на каков било начин да се доведат во врска со падот на бугарскиот воен авион“, се наведува во соопштението.

Министерството додава дека припадниците на српското воено воздухопловство од доаѓањето на полигонот Шабла своите активности ги реализирале во согласност со претходно дефинираните планови усогласени и одобрени од страна на претставници на оружените сили на Бугарија и српската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ