вторник, 5 мај 2026

Расте бројот на мртви во Грција, на приватните лекари им е наредено да работат во државни болници

Објавено на

часот

Сподели

Претходно овој месец, владата ги повика лекарите од приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките државни болници и единиците за интензивна нега во последните недели биле преплавени со сè поголем број на заразени.

Налогот за реквизиција, објавен во службен весник на владата, важи еден месец.

Грција во средата пријави 6.682 нови инфекции со коронавирус и 87 смртни случаи, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата минатата година се искачи на 853.841, додека 17.012 лица починале.

Претходно во ноември, владата воведе рестрикции за невакцинираните граѓани во обид да го спречи ширењето на инфекцијата.

Премиерот Киријакос Мицотакис се очекува да ѝ се обрати на нацијата подоцна во четврток, повикувајќи повеќе Грци да се вакцинираат.

Околу 61,8 отсто од популацијата од околу 11 милиони е целосно вакцинирана, а властите се надеваа на стапка од околу 70 отсто до есен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ