петок, 1 мај 2026

Распишана потерница по непослушниот руски новинар

Објавено на

часот

Сподели

Роман Доброхотов, главен и одговорен уредник на порталот Инсајдер, изјави за Ројтерс дека властите го обвиниле за илегално преминување на руската граница.

Тој во моментов се наоѓа надвор од Русија, а во интервјуто за британската агенција не сакал да ја открие својата локација. Тој, исто така, не кажал како ја напуштил Русија.

Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследник на советската КГБ, рече дека Доброхотов ја преминал границата со Украина илегално, пеш и со помош на неименувани лица, ноќта на 31 јули. ФСБ ќе побара негово апсење и кривично гонење, се вели во соопштението на агенцијата.

Руските медиуми и новинари критички настроени кон властите беа под зголемен притисок пред парламентарните избори претходно овој месец, а кампањата против оние што властите ги сметаат за закана за политичката стабилност не стивнува.

Инсајдер ги налути властите помагајќи да се идентификуваат службеници од државната безбедност што наводно стојат зад труењето на Алексеј Навални во август минатата година.

Инсајдер е еден од неколкуте медиуми што оваа година беа прогласени за „странски агенти“ во Русија, етикета што има негативна конотација од советската ера, што резултира со намалени приходи од маркетингот, додека означените медиуми подлежат на строги правила за обележување на содржината.

Кремљ негира дека медиумите се на нишан од политички причини и тврди дека активностите против нив се засноваат исклучиво на законот и дека без оглед на тоа што се етикетирани како странски агенти, тие можат да продолжат да работат во Русија.

Вчера наутро, полицијата изврши претрес во два стана во Москва што му припаѓаат на семејството Доброхотов и заплени телефони и компјутери, објави уредникот на Твитер. Членовите на ФСБ, исто така, ги одвеле неговата сопруга и татко на испрашување.

Неговиот законски застапник, Јулија Кузнецова, изјави за Ројтерс дека по 23 септември е распишана потерница по него.

Доброхотов рече дека полицијата му го запленила пасошот во јуни, откако извршила претрес во неговиот стан и го прогласила за сведок во друг случај, за клевета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ