петок, 1 мај 2026

Раселени Авганистанци почнаа да се враќаат во своите домови

Објавено на

часот

Сподели

Градскиот парк Шахр-е-Нав е претворен во бегалски камп на отворено, каде што луѓето спијат или во шатори или на гола земја, во ужасни хигиенски услови. Германска невладина организација изнајмила десетина автобуси за евакуација на 1.068 семејства и нивно враќање во Кундуз.

„Имаме програма за поврат. Исто така, на семејствата ќе им дадеме 10.000 авгани (околу 100 евра) за да можат да купат храна“, рече Рафиула Заха од хуманитарната организација.

Според податоците од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, оваа година повеќе од 634.800 Авганистанци морале да ги напуштат своите домови. До крајот на 2020 година, околу 2,9 милиони Авганистанци веќе биле раселени низ целата земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ