сабота, 18 април 2026

Расчистување по торнадото во Чешка, куќи од армиран бетон искорнати од темел (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Местото Микулчице исто така се најде на удар на торнадото што го погоди југот на Чешка пред два дена, а последиците од разорната сила се видливи на секој чекор.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=_uMf-aTRv4I autoplay:0]

Инфраструктурата во сите места што биле погодени од торнадото претрпела огромна штета. Фактот што буквално ги корнел ѕиданите куќи, кои се направени од армиран бетон, доволно зборува за јачината на торнадото, и скоро и да нема неоштетена куќа на оние четири-пет места што беа погодени од несреќата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=woyxpUkcXfs autoplay:0]

Но системот на организација на надлежните служби функционира, се работи речиси на секоја куќа, а покрај припадниците на единиците за заштита, на помош пристигнаа и волонтери. Секој има само една цел – да овозможи нормален живот на овие простори, пренесува Н1.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=5qcBtPvrKkI autoplay:0]

Чешката влада најави итна помош од 16 милиони евра, а се верува дека земјата ќе побара и помош од Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ