„Ние сме Европејци без ЕУ. Ние сме Европа, не ЕУ. Опкружени сме од границите на ЕУ, но сè уште не сме во таа заедница. Но тие не можат да ни кажат дека сме згрешиле. Тие мора да сфатат дека проблемот е во нив“, кажа Рама.
Советот на ЕУ го одложи почетокот на преговорите поради Бугарија која ја блокираше Македонија поради јазичните и историски проблеми.
Рама истакна дека Албанија и Македонија повторно мора да чекаат на преговорите, но дека тој повеќе не е загрижен.
„Не треба да зависиме само од Брисел, туку и од нас самите. Ова не е првпат ЕУ да утне во врска со преговорите со Албанија“, кажа Рама и додаде дека се надева дека Бугарија сега нема да бара Македонија да се вика Западна Бугарија, алудирајќи на Преспанскиот договор.
Зборувајќи за соработката во регионот, Рама кажа дека во таа област не би требало да има рестрикции и ги повика сите да се придружат на, како што кажа, регионалниот Шенген.
„Премногу сме млади за да бидеме изолирани едни од други. Мали сме за да носиме омраза. Областите ограничени со граници не се доволно интереси да видат економска трансформација, но заедничкиот простор е многу привлечен“, кажа Рама.






